Дома Фудбал Англија Потврдено: Алекс Фергусон се враќа на клупата на Јунајтед!

Потврдено: Алекс Фергусон се враќа на клупата на Јунајтед!

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, на 4-ти јуни ќе се врати на клупата на „црвените ѓаволи“, за прв пат откако го напушти клубот во 2013 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фергусон ќе ја води екипата на Манчестер Јунајтед на ревијален натпревар во чест на Мајкл Керик против Ол-Стар тимот кој ќе го предводи Хари Редкнап.

За тимот на Карик на 4-ти јуни на „Олд Трафорд“ меѓу останатите ќе настапат и Пол Сколс, Рајан Гигс, Стивен Џерард и Франк Лампард.

Сеуште не е познато дали ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, кој настапуваше за Јунајтед до 2009 година, повторно ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

Фергусон во текот на својата 27-годишна кариера со Манчестер освои 38 трофеи и се збогува со тимот кога му ја донесе 20-та титула во Премиер лигата во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…