Англиската Премиер лига наскоро ќе воведе ново правило кое ќе го промени изгледот на ова натпреварување!
Нема да се случат никакви суштински промени, но гледачите сигурно веднаш ќе ги забележат промените. Според информациите од Островот тамошната Федерација сериозно ја разгледува опцијата да воведе целосна забрана за разговор помеѓу сидијата и играчите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа би било голем удар за некои од најдобрите фудбалери во Англија кои „уживаат“ да разговараат со арбитрите. Таа привилегија според новото правило можат да ја имаат исклучиво капитените на кои ќе им биде дозволен разговор со судиите.
Федерацијата и порано се обидуваше да го воведе ова правило, но реакцијата на играчите беше лоша. Разговорите на играчите со судиите и „расправиите“ при дискутабилни одлуки не се реткост.
Во секој случај би било интересно да се види како играчи од типот на Диего Коста и Златан Ибрахимовиќ ќе реагираат на новото правило.