Менаџерот на Челзи, Антонио Конте повторно бурно ја прослави победата над Манчестер Јунајтед, а во еден момент и вербално се судри со Жозе Мурињо.
Конте после натпреварот истакна дека е задоволен од пласманот во полуфинале и заклучи дека Манчестер Јунајтед го има најдобриот тим во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Челзи покажа високо ниво на квалитет против исклучително силен противник, кој има фантастични фудбалери. Јунајтед го има најдобриот тим во Премиер лигата и затоа ние сме среќни што се пласиравме во полуфинале“, изјави Конте, а потоа го прокоментира црвениот картон на Ерера.
„Мислам дека Азар го почна натпреварот и не можеше да игра фудбал. Сите можат да ја видат ситуацијата и да пресудат. Кога сте играч со голем талент, понекогаш противниците се обидуваат со стартови да ве заплашат и судиите мора да ги заштитат ваквите фудбалери бидејќи можат да бидат сериозно повредени“, смета Италијанецот.