Познати се полуфиналните двојки во англискиот ФА куп, во кој пласман изборија екипите кои се наоѓаат меѓу првите пет на табелата во Премиерлигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Полуфиналните натпревари и финалето во ФА купот се играат на Вембли, а жрепката ги спои лондоските ривали Челзи и Тотенхем во првото полуфинале, односно Арсенал и Манчестер Сити во второто.
Претходно во четвртфиналето Тотенхем и Арсенал рутински ги совладаа Милвол (6:0), односно Линколн (5:0), а Сити немаше проблеми со Мидслброу (2:0). Челзи пак во дербито со 1:0 го елиминира Манчестер Јунајтед.