Ветеранот во редовите на Арсенал, Петр Чех застана во одбрана на својот соиграч Алексис Санчез кој последните денови е под жесток притисок од навивачите.
Причина за тоа е снимката од мечот со Баерн кога Санчез беше фатен како се смее на клупата додека Баварците ги демолираат „топџиите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Чех објасни што се случувало на клупата за резерви и истакна дека ситуацијата била погрешно интерпретирана.
„Тажна е целата ситуација бидејќи нема врска со реалноста. Зборувавме на клупата дека се би било поинаку ако постигневме втор гол и веројатно тогаш камерите не фатија. Но, тоа не е таква насмевка како што мислат сите”, изјави Чех и додаде:
„Мислам дека тоа е големо непочитување кон играчот. Ние фудбалерите знаеме што точно беше кажано и знаеме дека тој беше разочаран исто како и сите други“.