Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во разговор за британските медиуми со пофални зборови зборуваше за Давид Силва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Граѓаните“ веќе некое време не можат да сметаат на Силва кој е надвор од терените поради проблеми со тетивата, а сега кога две недели по паузата се врати на тренинзите, задоволството не го крие Гвардиола.
Гвардиола говорејќи за шпанскиот фудбалер истакна, помеѓу останатото, дека Силва е еден од најдобрите со кои соработувал во досегашната кариера.
„Сум работел со многу добри играчи и во Баерн и во Барса, но Силва дефинитивно е на листата најдобри со кои сум соработувал. Сакам играчи кои ќе излезат од тие тешки моменти во кариерата и ќе кажат – Океј, се вратив“, изјави Гвардиола.
Во актуелната сезона Силва за Манчестер Сити постигна осум гола и запиша четири асистенции.