Реномираниот британски „Four Four Two“ oбјави неколку причини зошто Модриќ не е најдобар фудбалер.
Лука Модриќ оваа година ги собра сите поважни индивидуални признанија. Но, според „Four Four Two“ најдобар за оваа година беше Лионел Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Второто место во нивниот избор беше играчот на Јувентус, Кристиано Роналдо, а трет младиот ас Килијан Мбапе. Модриќ е четврти, а зад нив се Гризман, Салах, Азар, Нејмар…
Покрај тоа тие образложија и зошто Хрватот не е најдобар.
„Може ќе се сложиме дека Лука Модриќ не е најдобар играч во светот и никогаш нема тоа да биде. Но, она што никако не треба да се расправа е дека Лука оваа година го доби признанието кое го заслужуваше“.
„Освен што го предводеше Реал Мадрид до третата титула во Лигата на шампионите, што е незабележано во модерниот фудбал, визијата на Модриќ ја одведе Хрватска до финалето на Светскто првенство“.
„Е сега, дали беше најдобар во 2018 година? Ова е нашто за кое треба да се расправа. Можеби сите овие награди кои ги доби оваа година ги доби на име на своите одлични соиграчи кои не успеаа да ја прекинат доминацијата на Меси и Роналдо кога беа на врвот во нивната кариера, што и самиот Модриќ го сугерираше при победничкиот говор на примањето на Златната топка“, заклучува новинарот Енди Брасел.
It's that time of the year again…
⚽ #FFT100 is back! Join us as we count down our list of the 1⃣0⃣0⃣ best male footballers of 2018.
? Who will be crowned No.1⃣ ?
➡️https://t.co/JXP6PpxXhr pic.twitter.com/52LHzQDzWf
— FourFourTwo ⚽️ (@FourFourTwo) December 17, 2018