Ждрепката за осмина финалето во Лигата на Шампионите беше одржана денес, а Манчестер Јунајтед не имаше среќа, бидејќи за противник го доби ПСЖ.
„Црвените ѓаволи“ оваа сезона играат под сите очекувања и јасно е дека ПСЖ е голем фаворит во овој дуел. Сепак, навивачите на англискиот гигант се надеваат дека нивниот тим конечно ќе се врати во форма до февруари кога ги очекува дуелите со шампионот на Франција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, февруари ќе биде веројатно најтешкиот месец за Јунајтед оваа сеона. Покрај дуелот со ПСЖ ги очекуваат уште три дерби натпревари во Премиер лигата.
Јунајтед прво ќе го пречека ПСЖ на свој терен, а потоа и Ливерпул. По тоа следува натпреварот во гости против Арсенал, а месецот ќе го заврши со градското дерби против Манчестер Сити. Јунајтед на почетокот на март ќе го одигра реваншот против ПСЖ и така ќе ја заврши низата од дербиња.
Manchester United fixtures between 12th Feb and 16th March include:
PSG H
Liverpool H
Arsenal A
Man City H
PSG A#endoftheroad pic.twitter.com/gD16291kVb— #TouchlineFracas (@touchlinefracas) December 17, 2018