Пред секој преоден рок во изминатите неколку години, Мауро Икарди беше дел од шпекулации во кои се тврди дека ќе го напушти Интер, но Аргентинецот и понатаму е член на „нероаѕурите“.
Икарди веќе неколку сезони е далеку најдобар фудбалер на Интер и изгледа дека е среќен во овој клуб. Иако повторно во италијанските медиуми се пишува дека неговата иднина во Интер не е сигурна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводоно, понудата на Интер е договор до летото 2023 година со плата од седум милиони евра по сезона со дополнителни бонуси.
Неговата сопруга и агент Ванда, во текот на изминатата ноќ објави пост на Твитер кој ќе им се допадне на навивачите.
„Сега е 00:30 и се уште ги читам страниците од новиот договор на Икарди“, гласи објавата на Ванда.
Sono le 00.30 ed io ancora qua a leggere le pagine del rinnovo ? @MauroIcardi
— wan (@wandaicardi27) December 14, 2018