Лука Модриќ пред шест ипо година пристигна во Реал Мадрид, а сега е откриено дека „кралевите“ го довеле после голема борба.
„Кога слушнав дека Реал Мадрид е заинтересиран за мене ништо друго не беше важно“, изјави најдобриот фудбалер во светот за француски „Телефут“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Модриќ во 2012 година после интересот од Реал одбиваше да тренира со Тотенхем и бараше трансфер во Мадрид. Откри и дека поради Реал одбил друг гигант.
„Немам намера да го навредам ПСЖ или било кој друг, но кога се јавија од Реал за мене постоеше само една опција“, откри Хрватот.
Интересно е што тогашниот спортски директор на ПСЖ претходно порача дека немале доволно пари за Модриќ. Французите тоа лето доведоа ѕвезди како Тиаго Силва (42 милиони евра), Ибрахимовиќ (21 милион евра), Лавеци (29 милиони евра). Го сакаа и Модриќ, но им беше прескап, па го доведоа Марко Верати од Пескара (12 милиони евра).
„Во тоа време се обидувавме да го доведеме Модриќ, но не беше можно. Веќе ги купивме Тиаго Силва и Ибрахимовиќ и Модриќ беше прескап…Поради тоа се одлучивме за други опции сите бевме убедени дека Верати е добар избор“, објасни Леонардо.