Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос: Ќе спијам мирно ако Барселона изгуби!

Рамос: Ќе спијам мирно ако Барселона изгуби!

Барселона вечерва ќе брка четири гола заостанување против Пари Сент Жермен во осминафиналето од Лига на шампиони, а капитенот на Реал, Серхио Рамос не им посакува среќа на Каталонците.

Рамос синоќа повторно беше таличен за „кралскиот“ клуб и со два гола против Наполи го однесе својот тим во четвртфиналето од ЛШ, но јавно соопшти дека таму не сака да ја види Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ќе бидам среќен доколку Барселона загуби. Ќе спијам помирно“, не пропушти шанса Рамос да го „пецне“ ривалот.

Иако на Барса ќе и биде потребно чудо да го елиминира ПСЖ, се чини дека Рамос не ја отфрла во челост можноста Каталонците да се најдат во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид експлодира против судењето – ќе се обрати до ФИФА

Полемиките во Ла Лига се вратија со полна сила по црвениот картон на Дин Хаусен од Реал Ма…