Дома Фудбал Лига на шампиони Енрике спреми изненадување за ПСЖ – последен адут за „невозможна мисија“

Енрике спреми изненадување за ПСЖ – последен адут за „невозможна мисија“

Иако никој во историјата не успеал да надомести четири голови негатива во нокаут фазата во Лигата на шампионите, тренерот на Барселона Луис Енрике изјави дека стручниот штаб, неговите играчи и навивачите веруваат дека е возможно да се оствари невозможното.

„Очекувам од навивачите да приредат величествена атмосфера и верувам дека можеме да се пласираме во четвртфиналето. Ќе играме со многу ризик, но мислам дека сме во топ форма и дека можеме да минеме натаму. Знам дека за многумина ова делува како загубен случај, но ќе се бориме до последната минута“, изјави Енрике.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми најавуваат дека в среда Енрике ќе отстапи од стандардната формација 4-3-3 и дека Барселона формациски ќе игра 3-4-3.

Тоа значи дека на голот ќе биде Тер Штеген, во одбраната Пике, Маскеранo и Умтити, четворката во средниот ред ќе биде Бускетс, Иниеста, Ракитиќ и Арда Туран, а тројката во нападот ќе биде стандардната Нејмар, Меси и Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Се чини дека Барселона ја најде замената за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенха…