Синоќешниот пораз од Ливерпул и излезот од најдобрата четворка во Премиер лигата ги принуди челниците на Арсенал да донесат конечна одлука за иднината Арсен Венгер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иднината на Арсен Венгер е главна тема во медиумите, особено после дебаклот во Минхен и прераното испаѓање од трката за титулата во Премиер лигата.
Медиумите на Островот тврдат дека Французинот на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Емирати“, а изминатите денови шпекулираа со неколку имиња кои би можеле да бидат негови наследници.
Наводно веќе е познат неговиот наследник, а тоа ќе биде актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри кој најави заминување од торинскиот клуб на крајот од сезоната. Англиските медиуми тврдат дека Алегри се согласил на двегодишен договор и тој треба наскоро да биде официјализиран.
Единствената непозната во моментов е дали Венгер ќе го напушти Арсенал или ќе остане во раководните структури, нешто што челниците сигурно ќе му го понудат.