Дома Фудбал Зидан: Не се вадиме на судиски одлуки!

Зидан: Не се вадиме на судиски одлуки!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан после ремито со Лас Палмас вели дека не сака да ги коментира судиските одлуки, кај исклучувањето на Бејл и досудениот пенал, но изјави дека не е задоволен од изданието на неговиот тим.

„Како и секогаш не сакам да се бавам со судиските одлуки. Можам да зборувам само за нашата игра, како и за тоа каде грешевме и што можеме да подобриме. Во една сезона, која е навистина долга, се случуваат три четири меча како овој со Лас Палмас. Не сакам да се вадиме на судиските одлуки. Едноставно тимот на терен не го пружи она што беше договорено“, истакна Зидан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Претходно бевме среќни и пред и после натпреварот, сега не е така. Под хитно мораме да завртиме друг лист. Што се однесува до Бејл, тој се извини на сите за својата постапка и тоа е тоа. Такви работи можат да му се случат на секого на терен во нервоза, само важно е да не се повторуват често. Ние сме тим кој има само една заедничка цел и додека е така нема да има проблеми“, заклучи Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…