Манчестер Сити вчера во градското дерни го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1 и така се зацврсти на првото место на табелата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ до победата ги предводеа Давид Силва, Агуеро и Гундоган, а менаџерот Гвардиола после завршувањето на натпреварот беше пресреќен.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Ја заслуживме победата. Манчестер Јунајтед е голем тим и навистина треба да бидете на највисоко ниво за да ги победите. Не заборавајте кого Манчестер Јунајтед победи пред неколку дена (Јувентус)“, изјави Гвардиола и продолжи:
„Сакавме да покажеме квалитет пред нашите навивачи, но не одигравме најдобро во првото полувреме. Голот на Агуеро на почетокот на второто полувреме ни помогна многу. Знаеме колку ова беше важен натпревар и презадоволни сме поради победата“, заврши Пеп.
Сити сега има 32 бода и е лидер на табелата пред Ливерпул со 30 и Челзи со 28 бодови.