Жерард Пике како и сите играчи и навивачи на Баселона со големо внимание го следеше мечот помеѓу Виљареал и Реал Мадрид.
На ѕвездата на Барса не и се допадна судењето, односно одлуката на судијата да покаже на белата точка во корист на Реал Мадрид.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Лошото судење доведе да повторно помеѓу овие две екипи да биде осум бода разлика. Скиншотовите се од мадридските медиуми“, напиша на Твитер Пике и публикуваше неколку слики од спорните ситуации.
Contra los mismos equipos. 8 puntos. 8 y tal. Los recortes son de prensa de Madrid por la duda. pic.twitter.com/nZUDgrjuVd
— Gerard Piqué (@3gerardpique) February 26, 2017
Меѓутоа брзо стигна одговорот од капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
„Доколку тоа го кажеше Меси би бил изненаден, а вака не сум воопшто. Сите веќе знаеме дека Пике живее во свет во кој мисли дека се е завера против него“, истакна Рамос и се осврна на судењето.
„Судијата имаше тепка работа, а ние мораме да му ја олесниме. За нас беше иклучително важно да победиме, посевно од ментална страна. Разликите се минимални и ќе биде тесно до самиот крај. Титулата ќе се одлучува во последното коло“, заклучи Рамос.