Харизматичниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп на многу оригинален начин го опиша отказот на Клаудио Раниери од Лестер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес готово сите менаџери од Премир лигата се солидализираат со Италијанецот, а Клоп вели дека отказот на Раниери е неочекуван и во рангот на две политички случувања од минатата година.
„Дали сум изненаден што вакви работи се случуваат? Не, не сум. Чудни работи се случуваат, како што се Брегзит, победата на Трамп и отказот на Раниери“, истакна Клоп.
Викендов Ливерпул му гостува на Лестер во рамките на Премиер лигата, а Клоп за таа прилика вели:
„Сакаме да ги повториме добрите работи од мечот со Тотенхем. Мора да бидеме агресивни и силни. Доколку дадеме се од себе, Лестер тешко ќе може да ни се спротистави“, истакна Германецот.