Репрезентацијата на Македонија денес одигра катастрофален натпревар и изненадувачки беше поразена од Грција.
Во Битола Македонија одигра лошо, но сепак победи, тоа не беше случај во денешниот натпревар. Грција не победи со 28:26.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
После натпреварот разочарувањето не го криеше нашиот капитен, Кире Лазаров.
„Она што го зборував после натпреварот во Битола сега ни се повтори. Ова навистина срамен пораз и голема шлаканица за сите нас. Ништо не е завршено, се уште имаме шанси за пласман на Европското првество, играта мора да ни биде далеку пдобра“, изјави Лазаров после натпреварот.
После овој натпревар заедно со Грција имаме по една победа.