Вчера имавме прилика да ја видиме веројатно најскапата клупа во историјата на фудбалот, откако Јунајтед против Блекбурн истрча со резервниот тим, а Мурињо главните ѕвезди ги остави на клупата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо ги одмараше клучните играчи поради густиот распоред, па поради тоа во второто полувреме видовме ситуација како Пол Погба и Златан Ибахимовиќ слегуваат од клупа.
When it's time to stop playing around pic.twitter.com/IMEYa0OM1F
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) February 19, 2017
Блекбурн во овој натпревар поведе во 17-та минута, а Маркус Рашфорд го изразмни резултатот десет минути подоцна. Ибра и Погба влегоа на терен во 62-та минута и беа најзаслужни за победата.
Овој натпревар, покрај споменатите двајца од клупата го следеа и Ерик Баили, Хуан Мата, Лук Шоу, Бастиан Швајнштајгер и Давид де Геа.
Според пдатоците од „Трансфермаркет“ вредноста на оваа клупа изнесува нешто повеќе од 250 милиони евра, од што само Погба вреди 100 милиони евра.