Дома Фудбал Скандал во Примера: Тројца фудбалери обвинети за местење!

Скандал во Примера: Тројца фудбалери обвинети за местење!

Голем скандал ја тресе шпанската Примера, откако тројца фудбалери на Бетис, Амаја Каразо, Џорди Фигерас и Чави Торес се обвинети дека примиле поткуп од 650.000 евра за да местат натпревари и дека намерно загубиле од Осасуна во последното коло во Примера, во сезоната 2013/2014.

Шпанскиот суд објави дека покрај споменатите фудбалери под истрага биле уште 29 лица, во најголем дел членови на раководството на Осасуна.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Двегодишната истрага, како што соопшти судот, покажала дека раководството на Осасуна на тогашните фудбалери на Бетис им дала 400.000 за да го победат Ваљадолид, а потоа им платила 250.000 евра за да загубат од Осасуна.

Бетис го победи Ваљадолид 4:3, а потоа загуби од Осасуна со 2:1, но на крајот овие тимови не успеаја да го сочуваат прволигашкиот статус, бидејќи Алмерија со нерешените 0:0 против Атлетик Билбао се избори за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атомско дерби со осум гола и без победник во Милано🎥

Интер и Јувентус одиграа спектакуларно дерби за кое долго ќе се зборува, видовме дури 8 го…