Ди Марија и Кавани сигурно никогаш нема да го заборават вчерашниот роденден бидејќи го прославија на специјален начин.
Славениците најпрво ја демолираа Барселона со 4:0, а потоа во соблекувалната имаа повод за двојно славје.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
По мечот во соблекувалната Кавани и Ди Марија добија торти, се славеше победата, се славеа родендените.
„Оваа вечер е специјална за мене. Не можев да посакам подобар подарок за мојот роденден од овие два гола против големата Барселона. Пресреќен сум и презадоволен од мојата игра. Нашата цел е да одиграме исто толку добро и на вториот натпревар и да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите. Денес покажавме како се игра против еден од најтешките противници во Европа“, изјави Ди Марија.