Дома Топ вести Санчез може да го напушти Јунајтед и да се врати на позната дестинација!

Санчез може да го напушти Јунајтед и да се врати на позната дестинација!

sanhez

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез на почетокот на оваа година стигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување од Арсенал.

„Црвените ѓаволи“ направија голем напор за да го доведат Санчез од Арсенал, но во изминатите осум месеци Чилеанецот баш и не ги оправда очекувањата. Навивачите на Јунајтед се разочарани од неговите настапи, а за многумина тој е најлошото засилување за клубот во последните десет години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми овие денови шпекулираат дека Санчез веќе во јануари би можел да го напушти Манчестер Јунајтед, а според нивните информации за неговите услуги голем интерес покажал Наполи.

Наводно, Санчез им открил на своите пријатели дека баш и не е среќен од тоа како работите се одвиваат во Јунајтед и дека сериозно размислува да го напушти клубот.

Алексис во дресот на Арсенал прикажуваше фантастични настапи, но во Јунајтед тоа не е случај. Поради таквата ситуација не би било изненадување ако Санчез на почетокот на 2019 година го напушти „Олд Трафорд“.

Ќе потсетиме, Санчез во својата кариера веќе настапуваше во Италија во редовите на Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …