Дома Фудбал Англија Лоши вести за Гвардиола – Жесус мора на долга пауза!

Лоши вести за Гвардиола – Жесус мора на долга пауза!

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус синоќа заработи повреда на мечот со Бурнмаут, а информациите кои доаѓаат од Островот не се добри за тимот на Пеп Гвардиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот синоќа го напушти теренот после само 15 минути игра, а медицинските прегледи денес не донесоа оптимистички резултати.

Информациите велат дека Жесус има пукнатина на петтата метатарсална коска на стапалото, повреда поради која би требало да биде надвор од теренот од два до три месеци.

Доколку овие информации се покажат како точни тоа ќе значи дека Гвардиола нема да може да смета на Бразилецот до крајот на сезоната.

„Утре ќе знаеме поконкретно за повредата. Вечерва ќе се молам да не е нешто сериозно“, изјави Гвардиола по вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…