Дома Фудбал Англија Навивачите на Манчестер Сити не ја сакаат Лигата на шампиони

Навивачите на Манчестер Сити не ја сакаат Лигата на шампиони

Манчестер Сити оваа сезона е посочен како главен фаворит за освојување на Лигата на шампиони, клубот не крие дека тоа е главна цел, но навивачите не се заинтересирани за тој турнир.

Така барем покажуваат бројките. Имено, првиот натпревар од групната фаза против на „Етихад“ го посетија „само“ 40.111 гледачи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капацитетот на стадионот изнесува 54.693 места, па нешто над 40.000 не е задоволителна бројка според англиските стандарди за посетеност.

Медиумите на Островот се прашуваат за причината, со оглед на фактот што секој шампионски натпревар го исполнува стадионот на „граѓаните“ со над 50.000 гледачи.

Одговорот е најверојатно поради недостатокот на традиција на „граѓаните“ во европските турнири, како и незадоволството од УЕФА, чија химна е редовно исвиркувана од локалните навивачи, како што беше случајот со Лион.

Според „Дејли Мејл“, присуството на натпреварот со Лион било „срамно и негативно“.

„Играчите мора да размислат зошто гледачите остануваат рамнодушни кон нивните перформанси во Европа“, пишува медиумот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…