Вечерва започнува втората фаза од најелитното натпреварување во Европа, Лигата на шампиони, а на програмата е дуелот помеѓу ПСЖ и Барселона.
„Светците“ ја пречекуваат големата Барселона со која имаат негативен скор од минатиот години, но младиот плејмејкер, Верати сега знае како да се победат Каталонците.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Атлетико против Барселона игра много добро. Тие се држат доста блиску еден до друг, не остaваат многу простор. Ние мораме да пробаме да играме како нив“, истакна Верати за „Екип“.
„Одбраната на Барселона има некој проблеми кои претходно ги немаше. Мораме да одиме во напред исклучително брзо кога топката е кај нас“, заклучи италијанскиот репрезентативец.