Лука Дончиќ одлично ја започна својата авантура во НБА лигата и во тоа нема никакво сомневање.
Асот на Далас во овој момент е прв „руки“ со 19 поени натпревар, а одигра вкупно 31 натпревар. На последниот против Портланд уфрли 23 поени, а постигна и една тројка за продолженија со звукот на сирената.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со своите 19 поени во просек Дончиќ се наоѓа на 35-тото место најдобри „руки“ во историјата зад себе остави играчи како што се Коби Брајант, Меџик Џонсон, Стеф Кари, Ирвинг, Роуз, Крс Пол, Гасол…Секако се уште е декември и Словенецот ќе мора да продолжи во вакво темпо ако сака да биде прогласен за „руки“ на сезоната.
Меѓутоа она што е важно за Дончиќ е најмалку до средината на јануари да биде минумум на ова ниво, ако не и подобар. Зошто? Затоа што во јануари 2019 се бира тимот кој на 17-ти февраури ќе учествуваа на главниот „Ол-стар“ натпревар.
Ако се најде таму, Дончиќ ќе го сруши рекордот на НБА лигата – ќе стане најмладиот кошаркар кој учествувал на ова престижно шоу. Шекил O’Нил, Меџик Џонсон и Ајзеа Томас во овој момент се најмлади со 20 години, додека Словенецот во феврари се уште ќе има само 19.
Исто така гледајќи од 2000 година само двајца „руки“ успеале да се најдат на „Ол-Стар“. Кинезот, Јао Минг во 2013 година беше стартер место О’Нил и покрај тоа што до тој момент просечно забележуваше 13 поени и 8.1 скокови по натпревар.
Блејк Грифин е вториот и тоа во сезоната 2010/2011. Грифин таа сезона во дресот на Клиперси беше прогласен за „руки“ на сезоната. Просечно забележуваше 22.5 поени, 12.1 скокови и 3.8 асистенции по натпревар.