Баерн Минхен е силно заинтересиран за десниот бек на Мидлсборо, Џед Спенс, пренесуваат германските медиуми.
Скаутите на германскиот шампион веќе подолго време ги следат настапите на Спенс, кој настапува во Нотингем како позајмен фудбалер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека Баерн одлучил да го ангажира, па во наредните недели ќе испрати официјална понуда.
Сепак, Баерн ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи силен интерес за Спенс покажуваат уште Тотенхем, Арсенал, Борусија Дортмунд и Лајпциг. Лондонските клубови се обидоа да го ангажираат уште во јануари.
Германското првенство се претвори во место каде пристигнуваат голем број на англиски таленти, како на пример Санчо и Белингам.
Bayern Munich are interested in signing Championship right-back Djed Spence.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 2, 2022