Дома Топ вести Спектакуларна трампа: Реал го дава Јовиќ и пари за Кулибали

Спектакуларна трампа: Реал го дава Јовиќ и пари за Кулибали

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во летниот преоден рок, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Наполи, Калиду Кулибали.

Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи за неговиот потпис минатото лето бараше 100 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега работите се променија бидејќи Кулибали не е задоволен во Наполи, а тоа се одрази и на неговите настапи, па Реал сака да ја искористи таквата ситуација.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да понуди 20 милиони евра, плус потписот на Лука Јовиќ.

Наполи го проценува Кулибали на 100 милиони евра, па тешко дека ќе ја прифати оваа понуда, но е отворен за преговори, бидејќи е заинтересиран за потписот на Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…