На денешен ден пред 27 години светот остана без кошаркарскиот „Моцарт“, Дражен Петровиќ го загуби животот во собраќајна несреќа кај Инглоштад.
Овој ден е и повод да се потсетиме на последниот натпревар во кариерата на големиот Дражен. Последниот натпревар Дражен го одигра во Вроцлав, Полска еден ден пред големата трагедија, на 6. јуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стануваше збор за еден неважен натпревар за Хрватска во квалификациите за Европското првенство. Тоа беше натпревар без резултатско значење затоа што и Словенија и Хрватска имаа изборено пласман претходно.
На крајот славеше Словенија со четири поени разлика 94:90. Дражен натпреварот го заврши со 30 поени, последниот беше од слободно фрлање на 40 секунди до крајот. И покрај тоа што натпреварот немал резултатско значење Дражен играл максимално ангажирано, а постојат и информации кои говорат дека по натпреварот им замерил на соиграчите за недоволната ангажираност. Треба да се спомене дека пред овој натпревар Дражен се опоравуваше од повреда на коленото.
Дражен по натпреварот бил единствениот од репрезентација кој решил да не преспие во Врцолав, со својата девојка Клара Салатни со автомобил тој се упатил за Франкфурт. Кај Инглоштад Клара удрила во камион, таа ја преживеала несреќата, но Дражен кој спиел во тие моменти не го преживеал ударот.