Дома Останати Кошарка 17 поени на Димитријевиќ во победата на Хувентуд против Уникс Казан

17 поени на Димитријевиќ во победата на Хувентуд против Уникс Казан

Tимот на Хувентуд за кој игра македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ обезбеди нов триумф во групната фаза од Еврокупот.

Димитријевиќ беше одличен во победата на Хувентуд и со 17 поени беше втор стрелец во својата екипа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Хувентуд славеше после продолженија на гости со Уникс Казан со резултат 93:91. Во регуларниот дел домаќините успеаа да дојдат до изедначување во последните секунди и така си обезбедија дополнителни пет минути.

Македонскиот кошаркар на паркетот помина 35 минути, а освен 17 поени подели две асистенции и запиша два скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачите на Лејкес бесни на Ѓоковиќ: Како се здебели 16 килограми за два месеци?!

Не случајно, уште малку пред да започне новата НБА-сезона, според многумина најдобрата кош…