Руи Фарија го напушта Манчестер Јунајтед и стручниот штаб на Жозе Мурињо, а на масата има понуда од португалска Бенфика.
Фарија како помошник на Мурињо работи веќе 17 години, заедно освоија 26 трофеи со Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Британски „Телеграф“ вечерва пишува дека Фарија сега ќе се обиде да направи самостојна тренерска кариера.
Бенфика разочара оваа година, ја освои втората позиција зад Порто во португалското првенство, а во Лигата на шампионите освоија само еден бод.
Доколку Фарија ја прифати понудата од Бенфика, што според „Телеграф“ е многу веројатно би било интересно доколку наредната година во Лигата на шампионите се сретнат Манчестер Јунајтед и Бенфика.