Како што се најавуваше во претходните денови, Мауро Икарди синоќа се пресели во екипата на ПСЖ.
Икарди се скара со Интер, па се бореше за своите права, а сакаше да се пресели во Јувентус, но таа желба не му се исполни, па „спас“ во последен час понуди ПСЖ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Интер го испрати на едногодишна позајмица, а клубот од Париз ќе има можност следното лето да го откупи за 70 милиони евра.
„За мене ова е чекор напред во кариерата и одлична можност да останам на највисоко ниво во фудбалот. Тоа беше од клучно значење кога ПСЖ ме контактираше“,изјави 26-годишниот голгетер.
„Ги познавам сите Аргентинци во клубот како и Кавани, а се познавам и со Нејмар. Специјално е чувството што ќе играм заедно со него. Убеден сум дека перфектно ќе се вклопам во тимот. Се надевам дека ќе помогнам во освојувањето на многу трофеи“, додаде Икарди.
?? #WelcomeMauro ??
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) September 2, 2019
Here's an up-close look at @MauroIcardi's arrival in Paris. ? pic.twitter.com/OFKczZALEb