Дома Македонски спорт 15 годишната Миа Блажевска ќе ја претставува Македонија на ЛОИ во Токио!

15 годишната Миа Блажевска ќе ја претставува Македонија на ЛОИ во Токио!

Македонската најдобра пливачка во овој момент Миа Блажевска-Еминова која има само 15 години ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Токио.

Таа ќе настапи како носител на специјална покана на која има право МОК, а ќе биде поддржана и оф Светската пливачка федерација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Миа Блажевска – Еминова е предложена од МОК и ФИНА да биде наша претставничка во пливање на Летните олимписки игри во Токио 2020!Таа има најдобар резултат меѓу најдобрите македонски пливачки (741 ФИНА поени), постигнат во Белград, на 20 Јуни 2021 година. Миа на овој меѓународен митинг, на трката на 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да се натпреварува на Летните олимписки игри во Токио. Миа има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.Мораме да признаеме дека нешата пливачка надеж е вистинска рекордерка!“, објавија од МОК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…