Дома Фудбал Репрезентации 14 градови ќе бидат домаќини на Копа Америка во САД

14 градови ќе бидат домаќини на Копа Америка во САД

Копа Америка следната година ќе се одржи во 14 градови во САД, а финалето ќе се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, потврди денеска Јужноамериканската фудбалска конфедерација.

Одредено е првото полуфинале да се игра во Њу Џерси, а второто на стадионот во Шарлот. Домаќини на четврфиналните средби ќе бидат Арлингтон, Хјустон, Лас Вегас и Глендејл.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Останатите градови домаќини се: Орландо, Санта Клара, Инглвуд, Канзас Сити (Мизури) и Канзас Сити (Канзас).

Натпреварувањето ќе се одржи од 20, јуни до 14. јули следната година и во него ќе учествуваат 16 селекции, десет од Јужна и шест од Северна и Централна Америка и Карибите.

Ждребот за групите е закажан за вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…