Денес прилепска Победа е далеку од најдобрите денови, па во време кога нема спортски случувања ќе ве потсетиме на денот кога овој тим во Прилеп играше против италијанска Перуџа.
На 11. Јули 1999 година во рамките од поранешниот Интер Тото куп во Прилеп гостуваше Перуџа. Тој ден беше вистински празник во градот кој живее за овој клуб, на градскиот стадион се собраа 15.000 гледачи и веруваа дека може да се надополни поразот од 1:0 во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, на крајот натпреварот заврши без победник 0:0, меѓутоа овој натпревар секогаш ќе остане запаметен во македонската спортска историја. Стадионот „Гоце Делчев“ тој 11. јули изгледаше прекрасно. Во првиот натпревар единствениот гол Италијанците го постигнаа од пенал.
За Победа во тој тим играа: Груевски – Ристовски, Стојковиќ, Димитриевиќ, Николаевски, Стојкоски – Лазаревски, Каранфилоски, Жилсон, Здравески, Главевски. Од клупата шанса добија: Петров, Грозданов и Наумоски). На клупата на прилепската гордост седеше Драган Канатларовски.
Какви убави времиња…