Дома Останати Тенис „Џелатот“ на Ѓоковиќ сакаше да ја заврши кариерата, а сега се бори за титула по 2 години!

„Џелатот“ на Ѓоковиќ сакаше да ја заврши кариерата, а сега се бори за титула по 2 години!

Американскиот тенисер Рајли Опелка се пласираше во финалето на турнирот во Бризбејн, откако го совлада Французот Перикар со 2:0 (6:3, 7:6).

Опелка во четвртфиналето го победи Новак Ѓоковиќ по неверојатна партија, а добрата форма ја покажа и против феноменалниот тенисер од Франција кој по стил е сличен на него.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


За Опелка ова е прво финале од 2022 година, кога играше за титулата во Делреј Бич, но не успеа да дојде до трофејот. Последната од своите четири титули Опелка ја освои во Хјустон во 2022 година.

Американецот некогаш беше 17. играч на светот, во моментов е на 293. позиција, а сето тоа поради долга пауза поради повреда и операција на бениген тумор. Неодамна овој необичен „џин“ висок 211 см размислуваше и за крај на кариерата, но продолжи да се бори и сега игра можеби и тенис на кариерата и веќе во недела ќе се бори за петтата титула во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Освојувачката на Вимблдон ќе го пропушти Австралијан опен

Чешката тенисерка и шампионка на Вимблдон Барбора Крејчикова денеска објави дека нема да у…