Ентони Џошуа го нокаутираше Кубрат Пулев и со тоа дојде до својата 24 победа во кариерата.
На борбата присуствуваа илјада гледачи, а беше завршена во 9. рунда, кога Џошуа го “легна“ Пулев.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Британецот доминираше во текот на целата борба, а дури три пати успеа да го сруши Пулев.
„Ви благодарам на сите што дојдовте. Добро боксував и погодував се што планирав, така да задоволен сум. Се надевам дека сите видоа колку напорно работев и како се подготвував. Не ме интересира којќе биде следен, ако мора тоа да биде Тајсон Фјури, нека биде. Не знам дали сум најдобар на светот, но сум најдобрата верзија на себе.“ – рече Џошуа после борбата.