Дома Останати Џошуа изгуби, но заработи три пати повеќе од Усик

Џошуа изгуби, но заработи три пати повеќе од Усик

Eнтони Џошуа после вчерашниот пораз од Олександер Усик остана без четирите шампионски појаси во тешка категорија. Усик славеше после 12 рунди на поени.

Меѓутоа и покрај поразот сметката на Британецот се наполни повеќе од онаа на Украинецот. Усик во споредба со Џошуа од борбата заработи три пати помалку.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


По поразот Џошуа ќе инкасира 15 милион фунти. Десет ги добива од основниот хорнорар плус пет од бонусот „пеј пер вју“. Украинецот од друга страна ќе добие скоро пет милиони евра. Три се од бонусот од ППВ, а само два од основниот хорнорар.

Сепак, јасно е дека веќе во следната борба која можеби повторно ќе му биде против Џошуа неговиот хорнорар ќе биде значително поголем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…