Дома Фудбал Останато Џорџ Веа е легенда, а неговиот син фудбал научил од неговата – мајка!

Џорџ Веа е легенда, а неговиот син фудбал научил од неговата – мајка!

Баерн Минхен во Интернационалиот Куп на шампиони го победи Пари Сен Жермен со 3:1, а тоа воедно се и први натпревари на новиот стратег на „светците“, Томас Тухел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ поведе со голот на Тимотни Веа, 18 годишниот син на славниот Џорџ Веа кои своите најдобри денови покрај Милан и Монако и ги помина токму во дресот на ПСЖ.

Младиот Тимотни од својата 14-та година е во академијата на клубот од Париз, а до тогаш првите чекори ги поминуваше на академијата во Флорида, Њујорк, па и во Лондон во младите селекции на Челзи.

Сега за медиумите беше интересна изјавата на младиот фудбалер, во која тврди дека неговата мајка е најзаслужна за неговата кариера, тоа не би било ништо чудно доколку татко му не е вистинска легенда во светот на фудбалот.

„Мојата мајка имаше најголемо влијание на мене. Ме научи на основите, беше мој прв тренер и ми даваше поддршка, додека мојот татко само делеше некои мали совети. Тој е ладен тим, само седи, одмара и ужива, меѓутоа неговите совети се исто така корисни“, објасни Тимотни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хрватска и Португалија ќе играат во пеколни услови, дербито под закана и на одложување!

Фудбалските репрезентации на Хрватска и Португалија ќе се соочат во шеснаесетфиналето на С…