Дома Фудбал Останато Џон Тери: Додека бев во Челзи само два клуба испратија понуди за мене

Џон Тери: Додека бев во Челзи само два клуба испратија понуди за мене

Иконата на Челзи, Џон тери откри дека во текот на кариерата имал само две понуди.

Тери во дресот на Челзи одигра повеќе од 700 натпревари и освои пет титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампионите, меѓутоа малку недостасувало да стане легенда во друг клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тери откри дека кога имал 19 години Челзи ја прифатил понудата од Хадерсфилд за него, во тој клуб тогаш тренер беше Стив Брус. Трансферот кога веќе бил пред реалзација го стопирал Џанлука Вијали. Набрзо потоа Вијали му даде шанса во првиот тим и останатото е историја.

„Само два клуба испратија официјална понуда за мене додека игра во Челзи. Челзи кажа „да“ на Хадерсфилд, но Вијали го стопираше трансферот. Му благодарам што му даде прилика во првата екипа, тој е голем човек и тренер“.

Втората понуда ја добил во 2009 година како веќе искусен играч.

„Тогаш ме сакаше Манчестер Сити, испратија официјална понуда, но јас седнав со сопствениците на Челзи и во лице им кажав дека не сакам да заминам. Ако сакаат да ме продадат во ред, но мојата желба е поинаква. Во меѓувреме добив нов договор и останав уште пет-шест години“, раскажа Тери.

После епизодата во Челзи Тери се пресели во Астон Вила каде што потоа ја започна и тренерската кариера. Денес е помошник на Дин Смит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…