Иконата на Челзи и долгогодишен капитен на тимот со кој стана и шампион на Европа во 2012 присуствуваше во Нион на ждребот на паровите за Лигата на шампионите (ТУКА).
Во разговор за медиумите, Тери одговараше на прашања на новинарите, а посебно интересно беше прашањето за најдобриот тим против кој играл во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Никогаш нема да ги заборавам натпреварите против Барселона во полуфиналето во 2012 година кога ја освоивме Лигата на шампионите“, изјави Тери, а како најсилен тим повторно ја избра Барселона.
„Беше тоа Барселона во сезоната 2004/2005. Ги имаа Роналдињо и Меси. Тие се најопасните против кои сум играл“, призна Тери.
Во тој натпревар по два фантастични натпревари како победници излегоа Англичаните. Барселона дома победи 2:1, а Челзи во Лондон 4:2.
Сепак, кога во прашање е моменталната ситуација за најголем фаворит го смета Реал Мадрид.
„Реал Мадрид од почетокот на сезонава најмногу ме импресионираше. Џуд Белингам е неверојатен и Карло Анчелоти е голем тренер. Мислам дека можат да стигнат далеку. Работев со Анчелоти, тој е навистина голем тренер“, одговори Тери.