Глазгов Ренџерс прдводен од Стивен Џерард за прв пат после девет години го победи на гости најголемиот ривал Селтик со 2:1.
Дербито почна добро за Селтик, а во 33. минута им беше досуден пенал, но Кристи не успеа да го совлада Мек Грегор. Веднаш стигна казна, па Кент ги донесе гостите во предност. Домаќините брзо се созедоа од шокот и до полувреме го израмнија резултатот со голот на Едуард.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во второто полувреме Ренџерс успеа да направи подвиг и после цели девет години да победи на „Селтик Парк“. Победоносниот гол го постигна Никола Катиќ.
Ренџерс со оваа победа покажа дека е спремен да ја прекине доминацијата на Селтик и му се доближи на само два бода на табелата, па тракат за титулата ќе биде исклучително интересна.