Според реномираниот сајт „Калчомеркато“ екипата на Џенова во која настапува Горан Пандев, освен напаѓачот Мирко Ивановски (за ова повеќе можете да прочитате ТУКА), сака и уште еден Македонец.
Имено, еден од најстарите италијански клубови е во потрага по десен бек, а на нивната листа на можни засилувања е и нашиот Стефан Ристовски кој го носи дресот на Спортинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во веста се наведува италијанскиот клуб веќе подолго време го следел Ристовски кој има искуство од играње во Италија. Ристовски во минатото го носеше дресот Парма, Бари, Кротоне, Латина и Фросиноне.
Треба да се истакне и дека заминување од протугалскиот клуб би можела да биде добра опција за Македонецот со оглед на тоа што во Спортинг нема статус на првотимец.
Ристовски во Спортиг пристигна минатото лето редовите на Ријека за сума од околу четири милиони евра.