Џамбо Милиќ пред две години го напушти Вардар, а сега му се врати на ракометот и застана на голот на Партизан.
Милиќ сега даде интервју во кое помеѓу другото зборуваше што се случувало во времето додека бил во Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не мислев дека ќе паузирам две години. Ме мрзеше да тренирам. Кога се вратив и го гледав натпреварот помеѓу Вардар и Кјелце во Лигата на шампионите изгледав како никогаш да не сум играл ракомет. Луѓето тоа тешко можат да го разберат…Во Вардар не бев во најдобар однос со Раул Гонзалес, стоев меѓу два огна. Сергеј не дозволуваше да одам на друго место“.
Откри и како дошол во Вардар.
„Пред да дојдам во Скопје бев пред потпис со тим од Германија затоа што и на мене и на Партизан му требаа пари. Не сакав да одам таму, но морав. Сепак, животот во Скопје ми се допадна, сметам дека сме исти како народ. Добив договор на една година, во клубот тогаш беа Вујовиќ и Михајловски, се појави Самсоненко. Потоа дојдоа големи имиња и ја освоивме Лигата на шампионите“, изјави Милиќ.
Во продолжение погледнете го целото интервју на Милиќ: