Гранит Џака и понатаму ги провоцира Србите поради натпреварот во дресот на Швајцарија.
Џака тоа го направи преку Инстаграм стори каде што го сподели видеото на пријателот Гранит Цана кој со звукот на коментаторот во позадина го имитираше голот на Џака против Србија на Мундијалот во Русија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тој во видеото стави опис „Двајца Албанци – Србија 2:1. Потсетувајќи на победата на Швајцарија во која освен Џака погоди и Шаќири.
Двајцата головите ги прославија покажувајќи го симболот на Албанија (двоглав орел).