Дома Фудбал Англија Можен скандал на Островот: Се истражува жолт картон на Џака, поради добивка од 250.000 фунти

Можен скандал на Островот: Се истражува жолт картон на Џака, поради добивка од 250.000 фунти

Националната генција за криминал во Велика Британиај го истражува жолтиот картон на Гранит Џака во победата на Арсенал од 4:1 против Лидс Јунајтед.

Во фудбалската асоцијација на Англија добиле сигнал за сомнителни облози и веднаш била контактирана агенцијата на 18. декември. Во овој момент нема знаци дека е вмешан Џака или некој друг играч.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Причината за истрагата е облогот од 52.000 фунти дека Џака ќе добие жолт картон во последните десет минути од натпреварот. Чудно е и што Арсенал водеше со убедлива предност во тој период.

Џака тогаш жолтиот картон го доби поради задржување на времето во 86. минута. Прво тој прави прекршок на половината на Арсенал, а потоа стои 20 секунди околу топката без да ја шутне додека не добие официјално предупредување од судијата.

Облогот од 52.000 фунти резултирал со добивка од 250.000 фунти за обложувачот. Засега ФА нема отворено истрага, туку само информацијата е пренесена од споменатата Агенција за криминал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …