Дома Македонски спорт Ќе не нападне ли вечерва европскиот шампион со „чудото“ на Барса?

Ќе не нападне ли вечерва европскиот шампион со „чудото“ на Барса?

Денес од 19:45 часот младинската репрезентација на Македонија ќе игра натпревар против европскиот шампион на гостински терен во рамките од квалификациите за ЕП во 2021 година кое ќе се одржи во Словенија и Унгарија.

Шпанците како европски шампиони се апсолутни фаворити против нашите младинци, меѓутоа ние секако нема да се предадеме и се надеваме на изненадување.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте не ја потценува Македонија и овој натпревар го најави како еден од најважните за нив.

„Не чекаат клучни натпревари, прво со Македонија, а потоа и со Израел. Македониај има добри индивидуалци и ќе имаат мотив затоа што играат против Шпанија, знам дека нема да биде лесно. Ние ќе продолжиме по планот кој го имаме зацртано“, изјави шпанскиот селектор.

Потоа беше запрашан и дали ќе стартува Ансу Фати кој на стартот од сезоната блесна во Барселона. Олмо кој беше стандарден во младинците на Шпанија доби повик во сениорскиот тим.

„Олмо нормално дека ќе ни недостасува, меѓутоа среќен сум за него. Наша работа е да градиме фудбалери, да постигнуваме резултати и да ги испраќаме во сениорите. Не знам дали Ансу ќе стартува, добро работи ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, заврши Фуенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…