Германците прават сериозни напори за што побрзо продолжување на Бундеслигата која е стопирана еден ипол месец и беше одреден датум, но сега прашање е дали ќе има фудбал затоа што Келн објави дека тројца нивни членови се позитивни на коронавирус.
Според она што се пишува во медиумите, станува збор за двајца фудбалери и еден член на стручниот штаб кои веднаш се ставени во карантин. Клубот не ги објави нивните имиња, само се наведува дека ниту еден од нив нема симптоми. И покрај оваа ситуација од Келн порачуваат дека ќе продолжат да тренираат, секако согласно со мерките за заштита.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
After testing positive for the #coronavirus, three people at #effzeh are now in quarantine. The group training can continue as planned. All infos ? https://t.co/gu4iqJrCNR
— 1. FC Cologne (@fckoeln_en) May 1, 2020
Ќе потсетиме претходните најави беа дека Бундес лигата ќе започне на 9. мај, но канцеларката Ангела Меркел тој датум го отфрли и потенцираше дака не е реално такво нешто, потоа се споменуваше 16. мај, меѓутоа со ситуацијата во Келн работите можат да се променат.