Денес од 20:45 репрезентацијата на Македонија до 19 години го игра натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Португалија.
Сите оние кои ќе немаат прилика да навиваат за кадетите во СРЦ „Борис Трајковски“ ќе можат натпреварот да го проследат во директен пренос на Телма.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Почитувани спортски пријатели, Ракометната Федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија. Влезот е слободен, натпреварот со директен пренос ќе биде пренесуван на ТВ Телма“, стои во соопштението на РФМ на Фејсбук.