Дома Топ вести Ќе го подигне ли Меси „сидрото“? На големо се пишува за две опции

Ќе го подигне ли Меси „сидрото“? На големо се пишува за две опции

Aко Меси некогаш посакал да замине од Барселона, веројатно тоа е ова лето.

Лионел Меси целата своја кариера е во Барселона, но после се што случуваше и тешкиот пораз од Баерн кој дојде како „шлаг на тортата“ Аргентинецот би можел ова лето да го подигне сидрото и да ја напушти Каталонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се погласни се вестите од Кталонија дека Меси е разочаран и спремен да направи промена во неговата кариера. Договорот му истекува наредното лето, но прашање е дали сака да остане и до тогаш.

Шпански „АС“ става до знаење дека Меси од јануари би можел да ја избере неговата нова средина и во овој момент се пишува за две опции. Првата е Интер кој од поодамна се поврзува со Аргентинецот и следи што се случува во Барселона, додека втората опција е Манчестер Сити.

Доколку Меси сака во Интер клубот би можел да го искористи Лаутаро Мартинез за да се договори со Барселона. Ќе потсетиме, неодамна се појавија информации од повеќе реномирани медиуми дека Меси купил куќа во близина на стадионот на Интер.

Кога во прашање е Манчестер Сити, клучен фактор е Гвардиола со оглед на тоа дека тие двајца одлично соработуваа во Барселона. Секако, тука се и богатите сопственици на Сити кои можат на Меси да му понудат огромен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…